Кајли Џенер го покажа своето тело по раѓањето

од Vladimir Zorba

Откако реалити ѕвездата Кајли Џенер ја роди својата ќерка Сторми во февруари, таа продолжи да го покрива своето тело со пошироки алишта.

Помладата сестра на Ким Кардашијан одлучи да му покаже на светот дека нејзиното тело е во многу добра форма, недели по раѓањето.

Џенер постави кратко видео на нејзината страница на социјалната мрежа Снапчат, која ја критикуваше само пред неколку дена.

Таа носи кратка црна блуза и црна долна облека. Впечаток остава нејзината долга црна коса, забележуваат од „Харперс базар“.

Kylie looks amazing only 1 month after giving birth to Stormi! (Posted 3/1/18)

A post shared by Kylie Jenner (@kyliesnapchat) on

Во описот на краткото видео, Кајли напиша „1 месец“.

Откако Кајли Џенер се породи на 1 февруари, таа постепено почна да се враќа кон своите јавни настапи.

Потсетуваме дека Џенер долго време не потврди дали е бремена и го намали драстично онлајн присуството, откако престана да споделува активно свои слики.

Откако долго чуваната тајна беше откриена лично од неа во Инстаграм со видео, риалити ѕвездата повторно почна да ги радува милионите обожаватели на социјалните мрежи.

Слични содржини