Како да се заштитите од коронавирусот при патување?

од Vladimir Zorba

Во последните неколку недели, сите медиуми пишуваат за коронавирусот, а бројот на луѓе кои се заразија со смртоносниот вирус постојано се зголемува. СЗО советува да избегнувате престој на места каде има големи групи на луѓе, како што се аеродромите, но за оние кои често патуваат тоа е непрактично и затоа треба да бидете претпазливи и, доколку досега тоа не беше случај, треба да следите неколку едноставни совети за превенција од вирусот.

Бидејќи станува збор за нов вирус за кој сè уште не е со сигурност потврдено како се добива, третира или пренесува, мора да бидете претпазливи, особено оние што во последните две недели се нашле на големи аеродроми или барем во близина на ризични локации. како што се Кина, Тајланд, Тајван, Јапонија или Јужна Кореја.

Она што лекарите пред сè го препорачуваат е засилена хигиена – миење на рацете што е можно почесто, не пократко од 20 секунди. Најдобро е да се користат средства за дезинфекција.

Иако изворот на коронавирусот сè уште не е официјално потврден, се препорачува да се избегнуваат сите потенцијални извори. Се смета дека вирусот најпрво се пренесува од животни на луѓе, така што треба да се избегнува контакт со животни во ризичните земји.

Како и кај секој вирус, се предлага да се избегнуваат луѓе кои кашлаат и киваат, а доколку сте тоа вие, за да ги заштитите другите ставете шамиче над устата и веднаш фрлете го, а потоа дезинфицирајте ја раката.

Бидејќи Кина, земјата со најмногу заболени и со неколку карантинирани градови, во моментов е една од најбараните дестинации заради лунарната Нова година, особено внимание треба да се посвети на аеродромите каде има врски со градови како Вухан.

Во текот на летот, добро би било да се заштитите себе си и другите со помош на маска за лице. И, додека сте во авионот, запомнете да ги измиете рацете неколку пати.

Она што треба посебно да се применува, особено кога постои ризик од смртоносен вирус, е дезинфекција на седиштето, потпирачот за грб, масичката, безбедносниот ремен и сè што ќе допрете за време на летот.

За да се избегне каков било контакт со заразеното лице, треба да се избере седиште покрај прозорецот и на тој начин да имате контакт со помалку луѓе отколку кога седите до патека каде би контактирале со голем број патници и персонал.

Вентилацијата треба да се чува цело време вклучена за време на летот, за задржувањето на вирусите околу вас да биде спречени, пишува Inside Edition.

Простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но ќе се преземат превентивни мерки и од утре ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанубл и Дубаи, кои имаат вска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус.

Ова е заклучокот на Комисијата за заразни болести, што денеска со соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера, изјави министерот.

Потеницра дека нашиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и дека ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пацинетите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми.

На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Минситерот посочува дека со оглед на тоа што е сезона на грип се очекува и многу лажни позитивни резултати и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување. За луѓето, потенцијални пациенти, што доаѓаат од регионотна Кина, од регионот на Вухан, а кај кои може да се јават симпотми,министерот најави дека од утре ќе биде објавен телефонски број на кој може да се јават за да бидат понтаму насочени каде да се јават во нашиот здравствен систем, за да не се јавуваат по матични лекари и амбуланти со цел тој вирус доколку постои да не се прошири. Сите други пацинети кои имаат симпотми на грип ќе го пратат нормалниот процес од матичен лекар кон Инфективната клиника.

Министерот потенцира дека имаме алгоритам на делување за лекување потенцијално доколку треба изолација и каранти.Вели дека согласно досегашните постапки, има огромно искуство кај експертите епидемиолози, експети од областа на инфективната медицина во третманот на препознавање, превенција и рано откривање на овие пациенти кога беше случајот со епидемијата на ебола.

-Станува збор за вирус што дава многу слични симпотми на грипот. Може да помине со лесна средна форма, но и тешки форми како што еве веќе предизвикаа смрт кај пациенти заобоелни од овој вирус. Потенцирам дека тоа се пациенти кои се постари со намален имунитет и пациенти што имаат хронични заболувања, изјави министерот, кој потенцира дека во однос на пристигнувањето на вирусотпреку стоки епидемиолозите сметаат дека практично тоа е невозможно.

Слични содржини