Како Хали Бери избира фустан за црвениот тепих?

од Vladimir Zorba

Да избереш совршен фустан за црвениот тепих, со цел да си обезбедиш место во рејтинзите на најдобро облечените ѕвезди, не е лесна задача. Особено кога станува збор за престижни церемонии, како што се наградите „Оскар“, кои ќе бидат на програма за нешто повеќе од една недела.

Еве како Хали Бери го решава проблемот со изборот на совршена облека: „Јас разгледувам сѐ што мојот тим или дизајнери сакаат да носам. Го пробувам секој фустан посебно – како изгледа во различно осветлување, како се оди со него, како се седи. Гледаме при сите можни сценарија да ми стои добро. Понекогаш фустаните покажуваат повеќе месо, но Господ ни дал нозе, за да ги покажуваме“.

А ние знаеме дека Хали Бери сака да покажува повеќе од нозете.

Што се однесува до накитот, според искуството, актерката има посебен став.

„Уморна сум од носењето на накитот што врвните компании и дизајнери се обидуваат да ни ги протуркаат. Не сакам веќе да се чувствувам како Пепелашка – на крајот на церемонијата да те чекаат и да си ги земат назад, а ти остануваш некако гол и без достоинство. Затоа носам само мој накит“, вели таа.

Слични содржини