Како Хју Џекмен и Дебора-Ли Фурнес ќе поделат 290 милиони долари?

Иако холивудската двојка, Хју Џекман и Дебора-Ли Фурнес, се одлучија за „пријателска разделба“, сепак треба да најдат начин и како да споделат се што заработиле во текот на годините и додека се заедно и во брак, а тоа нема да биде воопшто лесно

од Vladimir Zorba

Веста за разводот на Хју Џекмен и Дебора-Ли Фурнес по 27 години брак деновиве го шокираше светот, а додека јавноста се „грижи“ кој е главниот виновник и што доведе до нивниот крај, од неодамна сопружниците мора да се занимаваат со други работи.

Не само што треба да се грижат за благосостојбата на нивните деца, 23-годишниот Оскар Максимилијан и 18-годишната Ава Елиот, туку треба да обрнат и големо внимание на тоа како богатството од 290 милиони долари што го стекнале за време на нивниот заедничкиот живот ќе биде поделен во случајот на развод.

Покрај готовината и парите што лежат на различни сметки, на списокот ќе се најдат и бројни недвижнини и други средства што 54-годишниот актер и неговата 67-годишна сопруга ги акумулирале низ годините.

„Нивните животи беа толку испреплетени, па затоа ова навистина ќе биде макотрпен процес на поделба на сè и одредување кој што ќе добие. Официјалното барање за развод ќе биде официјализирано во догледно време, а она што двајцата се надеваат уште пред сето тоа да се случи е, пред се, да се договорат. Тие се решени да направат сè пријателски“, открил добро информиран извор.

А што е „на коцка“ ќе наведеме накратко. Во 2010 година, Men’s Health ја процени нето вредноста на Џекмен на околу 257 милиони долари, од кои голем дел е благодарение на неговата вклученост во франшизите на „Марвел“, кои му донесоа милиони.

Кога станува збор за недвижнини, парот почнал да инвестира во него кон крајот на 90-тите години и со текот на годините стекнале завидна колекција луксузни домови, како во родната Австралија, така и во Америка. Но, не беше сè секогаш толку чудесно и гламурозно. Двојката, пред Џекмен да ја добие улогата на X-Men во 2000 година, живееше во скромен двособен стан во Мелбурн.

Првиот заеднички имот го купиле во 1997 година за 240.000 долари, една година по нивната венчавка, а станот во кој го започнале заедничкиот живот во август 2015. година го продале за 740.000 долари, со што оствариле профит од неверојатни половина милион долари.

Во 2009 година, тие додадоа на листата трикатен стан во Meier Towers во Њујорк со поглед на реката Хадсон. Оригиналната цена од неверојатни 40 милиони долари, Хју Џекмен успеа да ја „сруши“ на 21 милион. Тие го ставија на продажба во јуни 2022 година, барајќи сума од 38,9 милиони долари.

Заедно со тој стан имале имот и во Сиднеј, каде поминувале неколку месеци годишно. Во 2015 година купиле стан со поглед на океанот и популарната плажа Бонди за 5,9 милиони долари.

Покрај сето тоа, имаат и куќа во Хемптонс, а минатата година купија уште еден пентхаус во Њујорк за 21 милион долари. Тоа што досега не успеале да го продадат сега ќе мора да го поделат, а кој што ќе добие ќе дознаеме во наредниот период.

Слични содржини