Како им успева: Дали оваа азиска земја е единствената во светот без потврден случај на коронавирус?

од Nikola Popovski

Северна Кореја тврди дека нема потврдени случаи на КОВИД-19. Продолжува тестирањето на граѓаните за вирусот, а повеќе од 500 лица се во карантин, според Светската здравствена организација (СЗО).

Северна Кореја има опрема за тестирање во Националната референтна лабораторија на Пјонгјанг, така што СЗО добива „неделни извештаи“ од тамошното Министерството за здравство.

„Од 2 април, тестирани се 709 лица, 11 странци и 698 државјани на Северна Кореја. Нема потврдени случаи на коронавирус. Има 509 лица во карантин, од кои двајца се странци “, одговори преку е-пошта, Едвин Салвадор, претставник на СЗО во Северна Кореја, додавајќи дека заклучно со 31 декември, 24.842 лица биле ослободени од карантин, вклучувајќи 380 странци.

СЗО било известено дека Северна Кореја во јануари ја добила потребната опрема за тестирање на примероците на коронавирус од сојузникот Кина, а СЗО испратила снабдување со заштитна опрема. На официјалната веб-страница на Институтот „Џон Хопкинс“ се вели дека освен во Северна Кореја, нема потврдени случаи во Лесото, Таџикистан, Туркменистан и Јемен.

Некои странски експерти изразија сомневање дека не се откриени заразените во Северна Кореја, која се граничи со Кина и Јужна Кореја, кои бea најмногу погодени од епидемијата на коронавирус. Северна Кореја ги заостри граничните контроли и воведе карантин на почетокот на епидемијата.

Слични содржини