Како реагираат хороскопските знаци на неверство: Водолијата ги пакува куферите, Лавот подготвува план за одмазда

од Берта Китинска

Луѓето различно реагираат на неверство, некои можат да простат, додека за други, тоа дефинитивно е крај на љубовта.

Еве како секој хороскопски знаци се однесува кога ќе дознае дека бил изневерен…

Овен

На Овните искреноста и верноста им се најважни. Ако ја преминете границата и му ги нарушите овие основни вредности, ќе мора да сносите сериозни последици. Овенот е подготвен дури и да им се јави на вашите родители и сѐ да им раскаже, а нема да ги заобиколи ниту социјалните мрежи. Набрзо сите од вашето опкружување ќе знаат што сте направиле.

Бик

Ако повредите Бик, бидете подготвени на тоа дека тој ќе ви се одмазди, нема да се смири додека не ве види како страдате. Долго ќе памети дека сте го повредиле и трпеливо ќе чека можност да ви врати и полошо одошто можете да си замислите. Ќе вложи време, енергија и мозок за да направи детален план, а потоа ќе тргне во акција.

Близнаци

Близнаците се многу одмаздољубиви. Ако ги изневерите, ќе ви го уништат сето тоа што го сакате. Буквално. Толку ќе се налутат што во првиот момент нема да знаат што да направат, но кога ќе се смират малку и ќе размислува, воопшто нема да ви биде пријатно.

Рак

Ако се чувствувате лошо затоа што сте изневериле Рак, ќе се чувствувате уште полошо. Тие нема да имаат изливи на бес и нема да фрлаат и уништуваат работи по дома како Близнаците. Ракот ќе најде начин да ви набие чувство на вина на најлошиот можен начин. Немојте да се изненадите ако му каже на вашето семејство што сте направиле и колку е разочаран од вас.

Лав

Ако изневерите Лав, тој ќе го искористи тоа за да преземе целосна контрола над вас. Секако, ако воопшто реши да ви прости. Ќе мора да го известувате за секој ваш чекор, бидејќи нема да ви верува повеќе. Ако сакате да ја вратите изгубената доверба, ќе морате да се докажувате за повторно да ја добиете неговата љубов и наклонетост.

Девица

На почетокот, Девицата ќе биде збунета, ќе размислува дали таа е виновна за тоа. Сепак, кога ќе сфати што се случило, ќе добиете етикета на „преварант“ и на човек кому не може повеќе да му се верува. Сметајте и на тоа дека ќе ви земе нешто што ви е многу драго.

Вага

Откако ќе се соземе по првичниот шок, Вагата ќе го најде секој можен начин за да ве понижи јавно. И навистина ќе ужива во тоа.

Скорпија

Нека не ве лаже смиреноста на Скорпијата. На почетокот, таа ќе се однесува како тоа воопшто да не ја допира. Сепак, ќе го искористи времето да смисли начин за да ви врати мило за драго.

Стрелец

Кога ќе дознае за неверството, тоа е тоа. Стрелецот нема никогаш повеќе да комуницира со вас. Ако живеете заедно, ќе ги исфрли вашите работи на улица и ќе ви го порача тоа што сака да ви го каже преку семејството или пријателите. За него, оваа приказна е завршена.

Јарец

Јарецот не простува неверство. Јарецот нема да ви дозволи никогаш повеќе да му пријдете. Ќе продолжи да живее без вас. Потајно ќе страда, но никогаш повеќе нема да дозволи да му се приближите.

Водолија

Првиот момент откако ќе дознае за неверството, Водолијата ќе полуди, ќе направи сцена, а потоа кога ќе се смири, само ќе го собере своето скршено срце и ќе исчезне од вашиот живот, засекогаш.

Риби

Рибите се големи емотивци. Тие ќе плачат со денови и нема да можат да сфатат што всушност се случило. А кога ќе помине тагата, настапува гневот. Немојте да се изненадите ако ви ја избушат гумата на автомобилот или нешто слично. Откако некако ќе ви вратат мило за драго, ќе се однесуваат како ништо да не се случило. Ќе продолжат по својот пат, но, секако, сами.

Слични содржини