Каков миленик им одговара на хороскопските знаци

Исто како што ѕвездите можат да ни кажат каков партнер ни одговара, така можат да ни откријат и каков домашен миленик е идеален за нашиот знак.

Овен
На овните никогаш не им е досадно и ретко одмараат. Секогаш се полни со енергија и ентузијазам и тежнеат кон живот полн авантури. Нивната енергичност нема граница, а таков би требало да биде и миленикот. Енергично куче со средна големина ќе биде многу среќно кога ќе оди со вас на долги пешачења или трчања.

Бик
Зависни и тврдоглави по природа, биковите сакаат да се приврзат за некого. Златниот ретривер, лабрадор и други видови на екстремно дружељубиви и верни кучиња ќе ги задоволат потребите не бикот за верен партнер.
Совршен избор ќе биде и мачка која сака да се гали, како шкотскиот фолд, вид кој целото внимание ќе го насочи кон сопственикот. Мачките се идеални за биковите бидејќи не бараат многу енергија.

Близнаци
Остроумните близнаци уживаат во интелектуални разговори. Секогаш се во потрага по возбудливи нешта. Овој знак сака интелегентни предизвици, па така иделен миленик ќе биде животното кое може да го научи да зборува – папагал.
Тој на близнакот ќе му донесе возбуливост и предизвик. Сијамските мачки исто така се идеални за близнаците. Брзо размислуваат, а добро е да се чуваат во пар за меѓусебно да се забавуваат.

Рак
Раковите се многу чувствителни и сакаат да се дома. Чудниот и емотивен рак сака да се грижи за другите. Поради тоа ќе го воодушеви слаткиот и мал хрчак или морско прасе. Ракот ќе знае како да му удоволи и ќе го опсипе со тон љубов и внимание.

Лав
Страсниот лав сака да биде во центарот на внимание и сака да троши пари на скапи работи. Затоа бара миленик кој ќе се прилагоди на неговата потреба да биде главен. Тоа сигурно ќе биде така доколу изберат мачка со долго влакно со која добро ќе се разбираат. Лавот сака секогаш да му биде забано, па добар избор ќе биде и куче со среден раст како кокер шпаниел, особено доколку го научи на некој трик.

Девица
За педантната девица миленичињата кои правад неред во домот не се најдобар избор. Сакаа друштво но не по цена на својата удобност. Најдобар крзнен подстанар би било куче кое не бара многу одржување (значи долги влакна не доаѓаат предвид). Или мали риби кои не бараат многу грижа, а и покрај предрасудите можат да бидат и тоа какво друштво. Зборувајте им бидејќи тие реагираат на вашиот глас.

Вага
Вагите се големи естети па затоа сакаат нивното домашно милениче да биде што е можно по видливо и уредно. Убава персиска мачка или симпатичен кокер шпаниел би бил совршен избор.

Скорпии
Овој моќен знак сака да одржува мистичност. Под мирната надворешност се крие многу страсна личност. Паметните, кралски мачки или грандиозните кучиња еднакво ќе им одговараат, на пример како сијамска мачка или дога. Оние најхрабрите ќе уживаат во друштво на рептили.

Стрелец
Спонтаниот и слободоумен стрелец често знае во последен час да отиде негде, во авантура, па му треба миленик кој не бара многу грижа. Желка или риба се идеален избор. Доколку пак сака миленик кој ќе го носи на патувањата со себе, иделен сопатник би било кучето.

Јарец
Јарците сакаат и напорно работат, па никогаш не им е доста да вложат повеќе труд во своите цели. Тие се многу независни, па бараат и таков миленик. Затоа кучето не е најдобар избор за нив, но грандиозната персиска мачка би можела да биде.

Водолија
Ексцентричната водолија ги сака необичните миленици како рептили, глодари и егзотични папагали. Само секогаш имајте на ум некој кој ќе може да се грижи за нив додека сте отсутни.

Риби
Рибите се најголемите сонувачи, непоправливи романтичари кои сакаат да се до некого. Поради ова, тие најмногу ќе уживаат во друштво на мал симпатичен зајак кого бескрајно ќе го гушкаат.

Слични содржини