Карантин во хотелот Дрим за 180 државјани на Македонија кои се вратија од Бон

од Берта Китинска

Синоќа на скопскиот аеродром слета авион со 180 граѓани на нашава земја.

Неколку часа претходно, на својот профил на Фејсбук за ова информираше Владата на Република Северна Македонија:

-Авион со 180 државјани на Република Северна Македонија се очекува да слетаат вечерва по полноќ од Бон. Осум автобуси се подготвени, со темелна дезинфекција, со заштита на возачите и со обезбедени закуска и вода за патниците. Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде ќе поминат 14 дена во изолација, се наведува во објавата.

Слични содржини