Карди Би тврди дека е Југословенка

од Nikola Popovski

Познатата американска раперка Карди Би даде интересен одговор кога на Твитер ја прашале дали е црнкинка.

„Девојко, дали си црнкинка“, ја прашал еден корисник на социјалната мрежата, по што поп-ѕвездата објавила ироничен одговор.

„Не, јас сум Иркинка и Југословенка“, напишала таа, а нејзиниот одговор набрзо го коментирале твитерџиите од регионот.

„Карди Б. како Босанка“, напишала една корисничка на Твитер.

„Карди Би вели дека е Југословенка“, напишал друг со извадок од песната на Лепа Брена „Југословенка“.

Фото: Profimedia

Слични содржини