Карлеуша се пофали со чанта од 30 000 евра

од Destan Jonuzi

Популарната српка пејачка Јелена Карлеуша на социјалните мрежи повторно се пофали со екслузивен и скап аксесоар. Јелена Карлеуша е една од најдобро облечените пејачки на српската јавна сцена, а во својот гардеробер има вистинско мало богатство. Атрактивната пејачка има посебна љубов кон чевлите и чантите, па се пофали со новата „миленичка“ во својата колекција.

Станува збор за мала чанта „Хермес“ чија вредност според веб-страницата на која се продаваат е околу 30.000 евра. Карлеуша на Инстаграм ја покажа новата чанта и ги воодушеви сите љубители на модата.

Слични содржини