„КАЖЕТЕ ДЕКА СТЕ РОБОВИ на АЛАХ“: Патник урлал на лет од Сиднеј за Малезија, па ја ставил раката во ранец (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Патник на летот на „Малезија ерлајнс“ од австралискиот град Сиднеј за Куала Лумпур бил уапсен откако го принудил екипажот да го приземји авионот бидејќи викал по патниците, прашувајќи ги „Дали сте робови на Алах“

„Дејли мејл“ пишува дека на социјалните мрежи се појавиле видеа од човек по име Мохамед, кој себеси се нарекувал „роб на Алах“, кој им викал на патниците и барал од нив да повторат по него дека и тие се „робови на Алах“.

Се наведува дека во еден момент Мохамед збеснал и со прстот покажал кон патниците.

Изговори го тоа!, им наредил Мохамед на исплашените луѓе.

Исплашените патници изјавиле дека Мохамед во еден момент го отворил ранецот и ја ставил раката внатре, при што се заканил дека има нешто опасно внатре.

Авионот морал да се врати во Австралија, каде Мохамед бил уапсен на пистата на аеродромот во Сиднеј.

Екипажот подоцна го прегледал неговиот ранец и не нашле ништо опасно во него.

Слични содржини