Денес претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша нов закон со кој строго се казнуваат демонстрантите кои навредуваат државни функционери.

За прв пат, Лукашенко воведе четиригодишна казна за лица кои се прогласени за виновни за ширење лажни информации што ја дискредитираат земјата, пренесува „Ројтерс“.

Казните се построги и за луѓето кои се спротивставуваат на полицијата и користат протестни симболи.

Според новиот закон, секој притворен најмалку двапати за учество во протести или навреда на владин службеник, се соочува со казна затвор од три години, додека претходно казните се движеа од притвор до финансиски санкции.

Претседателот на Белорусија не ги коментираше новите мерки, кои беа усвоени од Парламентот за првпат минатиот месец, но предупреди во март дека ќе даде посилен одговор на опозицијата.

Слични содржини