Казнети 55 возачи на подрачјето на СВР Штип, возеле брзо, без возачка и пијани

од Milan1

Вчера на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 31 прекршок, од кои 17 за пречекорување на брзината надвор од населено место и 14 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции, информираат од МВР.

Санкционирани биле и 24 други видови на прекршоци, од кои 17 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 4 за технички неисправно возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол и 1 за користење мобилен телефон.

Слични содржини