Ќе поскапат ли електричните возила?

од Vladimir Zorba

Следната година се очекува фрапантно поскапување на електричните возила.

Металите кои се од клучно значење за производство на батерии за електрични автомобили ќе станат драстично поскапи веќе на почетокот на 2022 година. Ова зголемување значително ќе ги зголеми трошоците за производителите и ќе влијае на крајната цена на електричниот автомобил.

Металите за батериите запишуваат вонсериски раст поради зголемениот глобален притисок за зелена иднина што ја стимулира побарувачката за материјали како што се литиум, кобалт, никел. Ваквата позиција на пазарот влијае на зголемувањето на цената на батериите, што нужно ја зголемува цената на самиот автомобил.

„Новата варијанта на КОВИД 19 го отежна стабилизирањето на пазарот“, рече Кваси Ампофо, раководител на оддел за метал и рударство во „BloombergNEF“. „Очекуваме ограничувања во синџирот на снабдување кои се засегнати од движењето на материјалите и во текот на 2022 година. Цената на литиумот, кобалтот и никелот веројатно потенцијално ќе порасне до 2023 година“.

На пример, цената на литиумот е повеќе од три пати повисока само оваа година. Кинескиот производител Chengxin Lithium Group очекува цените да останат на релативно високо ниво уште некое време.

Меѓутоа, треба да се постави едно важно прашање: ако технологијата на екстракција и преработка на литиум на оваа руда е загадувач, потенцијално многу деструктивен за животната средина, тогаш како се покажало дека оваа руда е спасот и носител на „Зелената планета“? Дали приказната за глобалното загадување е покритие за новите технологии и вештачкиот предизвик за купување електрични возила? Дали пандемијата беше една од целите на популаризацијата на електричните возила? Дали едно од решенијата за сите еколошки проблеми е реставрацијата, а не сечата на амазонската шума?

Овие прашања не се мејнстрим прашања и се карактеризираат како неосновани прашања, додека цената на литиумот драстично расте.

Слични содржини