Ќе започне реализацијата за изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња”

од Vladimir Zorba

Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата за отпочнување со реализација на проектот: Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња”, Општина Штип, при што даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2021, 2022 и 2023 година на Министерството за транспорт и врски, за Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња”, Општина Штип, во вкупна вредност од 460 милиони денари со ДДВ, со динамика на плаќање и тоа:

– 2021 година – средства во износ од 160 милиони денари со вклучен ДДВ;

– 2022 година – средства во износ од 150 милиони денари со вклучен ДДВ; и

– 2023 година – средства во износ од 150 милиони денари со вклучен ДДВ.

Притоа беше задолжено Министерството за транспорт и врски да ги прикаже потребните буџетски средства во буџетскиот циркулар за соодветните фискални години, а Министерството за финансии да ги има предвид при утврдување на Буџетот на Република Северна Македонија за соодветните фискални години.

Слични содржини