Кејт беше предупредување: Ѕвездите отворено за биполарно нарушување

од desk2

 

Американската дизајнерка Кејт Спејд минатата недела си го одзеде животот во стан во Њујорк. Нејзиното тело го најде куќната помошничка.

За семејството на Кејт самоубиството беше пок, а нејзината сестра на новнарите им рече дека таа боледувала од тежок вид биполарно нарушување и дека сама се лечела – со алкохол. Наводно, избегнувала заминување во болница за да на го наруши својот и имиџот на компанијата. Ова е предупредување, вели, за сите кои избегнуваат лечење, а свесни се за својот здравствен проблем.

Друга причина за самоубиството се спомнува и неодамнешниот развод со сопругот Енди. Тој побарал развод, а таа не се согласувала иако некое време живееле одвоено. Кејт оставила проштално писмо за нивната ќерка Френсис, каде пишува: „Беа секогаш те сакав. Ова не е твоја вина. Прашај го татко ти“.

Но, за разлика од Кејт која за својот проблем никогаш не зборувала, бројн познати личности во интервјуа ги споделија своите маки. Една од нив секако е пејачката Мараја Кери.

„Не сакав да верувам. До неодамна живеев во изолација и страв дека некој ќе ме открие. Тоа ми стана претешко, не можев да продолжам да живеам, па побарав помош. Се окружив со луѓе кои се позитивни и потполно се посветив на она што го сакам, пеењето и стварањето музика“, вели Кери.

Борба со биполарно нарушување имаше и актерката Кетрин Зета Џонс која едноставно не можела да се носи со ситуацијата кога нејзиниот сопруг Мајкл Даглас поминувал низ последните третмани за лекување на ракот на грлото, но актерката својата дијагноза ја доживеала како големо олеснување.

„Тоа е најдобро што можеше да ми се случи. Кога дознав дека постои назив за моите емоции и дека професионалец може да ми ги објасни симптомите, ми олесна. Поминувам низ неверојатни моменти и многу, многу лоши, но мојата цел е да ја пронајдам средината“, вели Џoнс.

Пејачката Деми Ловато на 22 години ја доби својата дијагноза, кога беше на рехабилитација поради депресија. Таа денес е една од ѕвездите која редовно говори за своите борби со психичкото здравје.

Секако, мора да се спомене дека пред неколку дена се самоуби и познатиот њујоршки готвач Ентони Бордејн, кој имаше неколку успешни емисии за кулинарствотот во светот, а во една од нив вели дека че слета на аеродромот во Аргентина, на пример, ќе порача хамбургер и тој е толку лош, што веднаш го фаќа депресија, од која не може да излезе следните неколку дена. Вели дека комуникацијата со луѓето кои ги посетуваше во своите емисии му одела лено, но онаа со луѓето што ги сакал, одлеа тешко.

Меѓу ѕвездите кои јавно зборуваа за биполарното нарушување се и познатиот рапер Кање Вест и актерот Расел Бренд.

Слични содржини