Кејт Мидлтон го засени „Вимблдон“: Идеален фустан за секоја женска фигура, многумина ги забележаа прескапите детали

од Vladimir Zorba

Сите љубители на тенисот го следеа финалниот натпревар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Ник Кријос. А финишот на Вимблдон во живо го следеше кралското семејство – принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со синот Џорџ!

Секако, непосредно пред почетокот на играта, војвотката го привлече целото внимание на присутните со својот одличен стајлинг.

Имено, Кејт за оваа пригода избра „винтиџ“ комбинација која целосно го отсликува нејзиниот стил.

Таа носеше фустан во темна боја со бели точки, чиј крој одлично прилега на секоја женска фигура, бидејќи е исечен на половината. Декориран е со прекрасен кернер, а она што е највпечатливо кај него се ракавите и бисерните копчиња кои даваат посебен шмек на елеганција.

Целиот стајлинг Кејт го заокружи со бели чевли со високи потпетици, како и мали, но многу скапи детали. Војвотката од Кембриџ носеше дијамантски обетки и ѓердан, кои имаат средишен камен во иста боја како и фустанот.

Слични содржини