Кејт Мидлтон излезе од болница: Се огласија од палатата

од Radmila Tasevska

Како што соопшти денес Кенсингтонската палата, принцезата од Велс денес ја напушти болницата, по сложената операција на абдоменот.

Портпаролот за медиумите изјави дека таа добро закрепнува по процедурата.

„Принцот и принцезата од Велс би сакале да упатат голема благодарност до целиот тим на клиниката во Лондон, особено на посветениот медицински персонал, за грижата што ја пружија. Семејството од Велс продолжува да биде благодарно за добрите желби што пристигнаа од целиот свет“, се наведува во соопштението на палатата.

Таа ќе продолжи со закрепнувањето во Виндзор по двонеделен престој во болница на лондонската клиника.

Се очекува принцезата од Велс (42) да ги започне своите службени обврски по Велигден.

Нејзиниот свекор, кралот Чарлс Трети, засега останува на клиниката во Лондон, кој пред неколку дена беше примен на операција поради зголемена простата.

Слични содржини