Кејт Мидлтон пред дилема дали да го наруши кралскиот протокол, за да го поддржи #MeToo

од Vladimir Zorba

Сопругата на принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ Кетрин, ќе се соочи со дилемата дали да облече или не црна тоалета на претстојната Церемонија на доделувањето на наградите БАФТА, објави Франс Прес.

Британските ѕвезди можат да донесат одлука да се појават вака облечени, за да се солидаризираат со движењето против сексуалното насилство во кино индустријата. Тоа беше случај на „Златните глобуси“, кога повеќето од номинираните уметници го прифатија црниот дрескод, за да протестираат против скандалот со сексуална злоупотреба во кој беше вмешан Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн со над 100 негови жртви, пренесоа агенциите.

Истото решение може да биде донесено и при доделувањето на „британските Оскари“, што ќе се одржи на 18 февруари во „Ројал Алберт хол“ во Лондон.

Проблемот за војвотката од Кембриџ доаѓа од фактот дека во кралското семејството не е прифатено жените да се облекуваат целосно во црно. Ова е случај само при жалост, а монархијата генерално не учествува во јавните протести.

Експерти искажаа мислење дека сопругата на принцот Вилијам ќе се најде во вистинско дипломатско минско поле. Таа ќе се соочи со многу деликатна дилема. Кетрин ќе го придружува својот сопруг принцот Вилијам на настанот во својство на претседател на Британската академија за филмска и телевизиска уметност.

Слични содржини