Кејт Мидлтон во истиот стајлинг како принцезата Дијана

од Vladimir Zorba

Војвотката од Кембриџ никогаш не се грижи дали ќе се појави на формален настан во тоалета што веќе ја покажала. Тоа се случи на изложбата во англискиот град Блекли, каде што Кејт беше официјален гостин пред неколку дена.

Жената на принцот Вилијам и мајката на три деца изгледаше беспрекорно. Таа избрала тоалета на Алесандра Рич во вредност од 1757,00 $.

Фото: Ројтерс

Стилскиот и чист син фустан на бели точки е доста добро познат на јавноста од официјалните фотографии на британското кралско семејство, на кои за првпат беше прикажано третото дете на војводите на Кембриџ – принцот Луј.

Фото: Instagram

 Но, Гламур забележа уште еден необичен факт за фустанот на нејзината страница на Инстаграм. Објавата го спореди фустанот со еден кој го носеше свекрвата на Кејт, покојната принцеза Дијана.

Слични содржини