Кејт Мидлтон за првпат се огласи за раѓањето на нејзината внука Лилибет

од Vladimir Zorba

Британската војвотка од Кембриџ, Кејт, во петокот изјави дека едвај чека да ја запознае својата нова внука Лилибет, ќерка на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

„И посакувам сè најдобро, едвај чекам да ја запознаам, што се надевам дека ќе биде наскоро“, изјави Кејт пред новинарите за време на посетата на училиштето во друштво на првата дама Џил Бајден, на маргините на самитот на Г7 .

Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен-Виндзор, именувана по бабата на принцот Хари, кралицата Елизабета Втора и неговата покојна мајка, принцезата Дајана, се роди пред една недела во болницата Санта Барбара Котиџ во Калифорнија.

Родена е скоро година и пол откако Хари и Меган ја објавија намерата да се повлечат од кралските должности, предизвикувајќи голема криза во кралското семејство.

Односите меѓу членовите на кралското семејство дополнително се влошија во март кога еден од нив, иако неименуван, беше обвинет за расистички изјави против синот на принцот Хари, малиот Арчи.

Проблеми се појавија и откако Меган Маркл призна во интервју за Опра Винфри дека членовите на кралското семејство целосно ги игнорирале нејзините молби за помош поради самоубиствени мисли, кои честопати и паѓале на ум за време на нејзиниот живот во Велика Британија.

Слични содржини