Ќерките се откажаа од славниот продуцент: Не сакаат ниту да слушнат за таткото силувач

Тројцата најстари деца на Харви Вајнштајн скоро и да се откажале од татко си, пишуваат американските медиуми. Неговите три најстари деца ќерките Лили (25), Ема (22) и Рут (17) не сакаат ниту да слушнат за таткото силувач. Повеќе на разговараат со него и многу им е тешко поради сето она што се случува последните месеци.

Тврдењата дека ќерките не сакаат да слушнат за него ги потврди и неговата адвокатка.

„Да, не сакаат да слушнат за него. Тоа е така кога ќе завршиш во затвор, работите одат една по друга. Страшно е“, рекла таа и додала дека Вајнштајн е во контакт со двете најмлади деца Индија (9) и Дашиел (6).

Трите постари ќерки Вајнштајн ги добил во 20-годишниот брак со Ева Чилтон.

Слични содржини