Киев: Именуван директор на новоформираната национална антикорупциска служба

од Stefanija Kuzmanovska

По повеќемесечниот процес на воспоставување инструменти за борба против корупцијата во Украина, кој се одвиваше под будното око на западните сојузници и разгледувањето на барањето на официјален Киев да му испрати дополнителна помош во борбата против руската инвазија, украинските власти денеска назначија директор на новоформираната национална антикорупциска служба и нов тим антикорупциски истражители.

Поранешниот шеф на државната инспекциска служба за архитектура и урбанизам, Семен Кривонос, е назначен за директор на новоформираното Национално биро за борба против корупцијата (НАБУ) со мандат од седум години, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини