Ким Jонг Ун: Кога совршено ќе го подготвиме системот за нуклеарно оружје, непријателот ќе се плаши од нас

од Stefanija Kuzmanovska

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун апелираше за зголемување на производството на „воен нуклеарен материјал“ и производство на помоќно оружје, објавија денеска севернокорејските медиуми.

Ким Јонг Ун ги повтори претходно разоткриените планови за „експоненцијално“ зголемување на нуклеарното оружје непосредно пред планираното пристигнување на носачот на авиони на американската морнарица во Јужна Кореја денеска.

По разговорите со претставниците на Институтот за нуклеарно оружје во земјата, Ким рече дека Северна Кореја мора да се подготви да го користи своето нуклеарно оружје „секаде и во секое време“, објави КЦНА.

Кога Северна Кореја „совршено“ ќе ги подготви своите системи за нуклеарно оружје, „непријателот ќе се плаши од нас и нема да се осмели да го оспори суверенитетот на нашата земја, нашиот систем и нашиот народ“, рече Ким, пренесе агенцијата.

Слични содржини