Ким во Сингапур најавил подготвеност за средба со Шинѕо Абе

од desk4

  Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нагласил на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур дека може да учествува на средба со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, јавија јапонски медиуми повикувајќи се на владини извори.

Според нив, Ким рекол дека постои можност за средба со премиерот Абе и тој е подготвен за тоа.

Јапонскиот премиер претходно изјави дека е подготвен за директни разговори со Ким за решавање на проблемот со киднапираните јапонски граѓани од севернокорејското разузнавање.

Слични содржини