Кина: Насилни протести во Гуангжу поради нулта ковид политиката

од Stefanija Kuzmanovska

Голем број жители во јужната кинеска индустриска метропола Гуангжу ја напуштија принудната изолација и се судрија со полицијата, лути поради строгите ограничувања наметнати поради коронавирусот.

Драматична снимка покажува луѓе како превртуваат полициско возило и демолираат контролни ковид пунктови.

Сега во овој дел од земјата се распоредени тимови за разбивање на демонстрации.

Од почетокот на пандемијата, Гуангжу забележа најголем број заразени лица.

Поради влијанието врз економијата на земјата, стратегијата за нулта ковид е под огромен притисок.

Тензиите се зголемија и во градскиот кварт Хаиџоу, каде на жителите им беше наредено да останат дома.

Овој дел од земјата е дом на многу сиромашни работници, кои при спроведувањето на ковид мерките се жалеа на непримање плати, недостиг на храна и скокови на цените.

Неколку ноќи се тепаа со службеници за превенција на ковид, а потоа насилството се прелеа на улиците на Гуангжу.

Слични содржини