Кина планира масовно производство на летечки автомобили (ВИДЕО)

од Milan1

Кинескиот производител на електрични возила „Икспенг“ (Xpeng) планира до 2024 година масовно производство на летечки автомобили чија цена нема да надмине 157.000 долари.

Оваа кинеска стартап компанија претстави прототип на возилото „X2“ развиен од „ХТ аеро“ подружница на компанија специјализирана за летечки автомобили.

Минатата недела компанијата обезбедила преку 500 милиони долари од инвеститорите за овој производствен проект, пренесуваат медиумите. Летечкиот автомобил се контролира на мала надморска височина со волан за возење по патишта и една рачка за режими на летање.

На веб-страницата на компанијата се наведува дека „X2“ може да прими две лица, има ротори кои може да се преклопат кога возилото е во режим на патен сообраќај и се проширува кога лета, а максималното време на лет е до 35 минути.

Слични содржини