Клоп не сака револуција и нов картон во фудбалот

од Nikola Popovski

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е еден од оние кои се противат на новата желба да се донесат револуционерни промени во фудбалот.

Таа промена значи син картон во џебовите на судиите на натпреварите, а тој картон би значел дека играчот што ќе го добие, ќе оди на десетминутно разладување.

Наместо класичен црвен картон како исклучување или жолт како опомена пред исклучување, сега се размислува за привремена мерка, која Клоп не ја поддржува од прилично логична причина.

„Треба да го направиме фудбалот што е можно поедноставен и за судиите. Понекогаш стануваме премногу емотивни кога зборуваме, обично после натпревари. Новиот картон би им дал повеќе можности и за грешки. Едноставно е комплицирано“, изјавил Клоп.

Потоа на шега го критикувал ИФАБ (Меѓународен одбор на фудбалски асоцијации), односно институцијата која ги одредува правилата.

„Ова не ми звучи како фантастична идеја во овој момент. Сепак, не можам да сетам на некакви фантастични идеи од овие луѓе од ИФАБ, а имам 56 години“, кажал Клоп на конференцијата.

Неговиот Ливерпул во неколку наврати сезонава имаше замерки за арбитражата во Премиер лигата, која со сините картони само би ја отежнале, барем според мислењето на Клоп.

Слични содржини