Сите знаат дека комуникацијата бара да зборуваш што чувствуваш. Но, комуникацијата мора да следи одредени правила за да нема навредени и да се дојде до компромис, кога тоа е потребно.4793416

Да научиме тогаш кои се главните грешки во комуникацијата, кои можат да доведат до судир.

Првата грешка се претпоставките. Ништо не претпоставувајте или доизмислувајте. Научете да поставувате насочени прашања кои ќе ви помогнат да си разјасните сè.

Втората грешка се обвинувањата. Ако сте незадоволни од одредена постапка, дискутирајте само за неа. При расчистување на ситуацијата не е потребно да велите: “секогаш е така” или “знаев дека така ќе се случи”

Третата грешка е критиката. Таа треба да биде основен  и составен дел, без сарказам, насамо и во форма на совети и желби.

Следната грешка е прекинот. Понекогаш тоа е многу комплицирано и барате во моментот да докажете колку сте прави. Но тоа изгледа како непочитување на партнерот. Не паѓајте во хистерија. Несомнено дека емоциите се нешто убаво, но хистеријата троши и ги изострува конфликтите.

Покрај тоа, не молчете од страв дека ќе наштетите. Подобро е отворено да кажете што не ви се допаѓа, а не да молчите, потпирајќи се на тоа дека “партнерот” ќе се сети што да прави.

Постојаното давање на совети е честа грешка. Почекајте додека побараат од вас помош, или пак навестете дека можете да помогнете.

Не избегнувајте тешки разговори. Проблемот нема да биде решен од одолговлекување. Трудете се веднаш да дискутирате за новите тешкотии.

Слични содржини