Кога бараме партнер во животот, понекогаш некои од нас се консултираат со бајачи, астролози, за тоа кој би бил најсоодветен за нас. Споделуваме краток водич на знаците погодни за авантура и за сериозно поврзување.2e1e42a508d8091c753982afc0bf844d

Овен
за авантура
Ако сакате страст на краток рок, Вагата е вашиот хороскопски знак. Штом сретнете претставник на овој знак, веднаш ќе почувствувате меѓусебно сексуално привлекување.
за врска
Кога сакате да градите сериозна и стабилна врска, погоден за вас е претставникот на знакот Лав. Со него ќе бидете емотивно компатибилни, ќе се грижите еден за друг, ќе бидете добри пријатели и добри љубовници.

Бик
за авантура
Биковите се чувствителни и жешки во љубовта. Затоа, кога пред нив ќе се покаже можност за авантура, сакаат да паднат на човек кој ќе одговара на овој жежок темперамент. Погоден би бил претставник на знакот Шкорпија. Желбата и силното привлекување се билатерални. Со Шкорпијата ќе имате навистина незаборавни моменти.
за врска
Девицата е Хороскопски знак со кој веднаш ќе почувствувате дека сте на иста бранова должина. Нема да ви е досадно со партнер претставник на овој Хороскопски знак.

Близнаци
за авантура
Ви треба постојано разновидност и разгорување на страста што само еден Стрелец може да ви даде. Тој ќе ви ја обезбеди слободата од која се потребни.
за врска
Од друга страна Близнаците се луѓе кои сакаат долги, смислени и филозофски разговори. Имаат потреба од човек до себе, кој постојано да ги тера да се насмевнуваат, но и да ја почувствуваат вистинската смисла на зборот љубов. Затоа, почитувани Близнаци, пронајдете го вашиот претставник во знак Вага.316a9b036a40bb5d92b61e42edfab624

Рак
за авантура
Емоционалните и чувствителни Ракови треба особено да внимаваат со претставниците на знакот Јарец. Вистинска експлозија од страст. Може да се почувствува со сигурност во овие краткорочни односи, затоа пазете го лесно ранливото срце.
за врска
Со претставник на знак Шкорпија би имале одлично партнерство во љубовта. Се разбира без зборови и двата Хороскопски знаци имаат потреба од безбедност и можат меѓусебно да си ја дадат.

Лав
за авантура
Со претставник на знакот Водолија ќе имате бурни и незаборавни односи. Пред вас се отвораат можности за патување, за време на кои ќе им дадете слобода на вашите сексуални желби.
за врска
Идеален партнер за вас е Стрелец. Авантуристички дух, незапирлива страст, темперамент и длабоко разбирање на вашата природа.

Девица
за авантура
Многу пријатни моменти , прегратки и летни одмори може да ви понуди претставникот на знак Риби.
за врска
Со Јарецот ќе почувствувате најмногу внимание, поддршка и разбирање. Како Девиците, така и Јарците се романтични и нежни. Врската помеѓу двата Хороскопски знаци е можност за споделување на вистинската љубов.

Вага
за авантура
Овенот ќе ја пробуди во вас страста, а вие ќе го привлечете како магнет. Не се сомневајте во сексуалните способности на претставниците на овој знак. Тие секогаш знаат како да го задоволат партнерот.
за врска
Ако сте знак Вага за вас соодветна партнерка за сериозна врска би бил еден Водолија. Авантуристички дух, незгасната љубов и предизвици. Така може да се опише Љубовниот живот.

Шкорпија
за авантура
Со претставник на знакот Бик ќе имате многу жешки моменти меѓу чаршафите.
за врска
Рибите се соодветен партнер за Скорпиите за долгорочни врски. Чувства, романтика и нежност. Рибите знаат како да ви угодат и тоа дефинитивно ќе ви се допадне.
fa51eccbf02ce72c5c0a5bf91b9f65ad
Стрелец
за авантура
Запалените Близнаци ќе ве воведат во светот на љубовните искушенија. И покрај многуте разлики, имате и многу допирни точки, но тие не се доволни за сериозна врска.
за врска
За сериозно поврзување побарајте некој Лав. Во врската ќе има многу динамика, токму она што и двајцата го барате.

Јарец
за авантура
Најчувствителниот Рак ќе ве освои уште од првиот момент. Ќе пламне страст, неодоливи желби. Сексот со Ракот нема да ви здосади брзо.
за врска
Стабилна и сигурна врска може да се изгради со Бик. Двајцата сте сериозни во љубовта, што е предуслов да бидете верни еден на друг. Ве очекува  убава иднина.

Водолија
за авантура
Неочекувани моменти и страст може да доживеете со претставникот на знак Лав. Во исто време чувствителните Ракови го привлекуваат незадржливо вашето внимание. Но за Водолиите, кои се големи флиртаџии, тоа е сосема нормално.
за врска
Со претставник на знакот Близнаци имате многу добри причини да се обидете да изградите сериозна врска. Вашите ставови за животот се доближуваат, ја љубите разновидноста, страстни сте во љубовта.

Риби
за авантура
Воздржаните Девици ќе ви привлечат како магнет и нема да може да им одолеете. За краткорочни флертови Близнаците исто така се погодни.
за врска
Со Ракот лесно ќе постигнете хармонија и конфликтните моменти кај вас ќе се реткост. Врската ќе биде исполнета со меѓусебно почитување, разбирање и романтика.

Слични содржини