Врвот на сексуалната активност на 20-годишен човек е точно во 15 часот, иако целото деноноќие тој може да се носи на бранот на сексуалната активност, утврди Оксфордскиот универзитет.4425997

Експертите препорачуваат по 30-годишна возраст да се практикува секс во 08:20 часот, бидејќи сончевата светлина ја засилува продукцијата на тестостерон кај мажите и ја зголемува активноста на хипоталамусот кај жените, пишува британскиот “Телеграф”. На оваа возраст луѓето треба се будат во 08:10 часот. Додека на луѓето кои наполниле 40 години, им се препорачува да имаат секс во 22:20 часот. Ова е вистинско време, бидејќи половиот акт води до лачење на окситоцин. А тој претпоставува и одмор. На оваа возраст веќе треба повеќе време за спиење, иако квалитетот на сонот е намален. Односно по 50-годишната возраст не е редно да се прави секс по 22:00 часот. Најдобро е да се легнува 22:30 (телото потешко се опоравува, од таа причина не треба да се пие многу навечер).

А, на 60-годишните специјалистите им препорачуваат секс точно во 20:00 – меѓу вечерата и сонот. Истото важи и за 70-годишниците. Сексот претпоставува опуштање, а на поодминати години заспивањето понекогаш е тешко.

Слични содржини