Кој е најдобриот доживотен партнер за вашиот хороскопски знак?

од Vladimir Zorba

За Вагата, најдобар доживотен партнер е друга Вага, Девицата добро се согласува со Јарецот и таа врска може да трае цел живот, додека Рибите и Ракот совршено се совпаѓаат бидејќи нивната врска е мирна, природна, пријатна и духовна. Што е со другите?

Овен

Овој знак има три потенцијално совршени партнери за долга и среќна врска, а тоа се Скорпија, Стрелец и Водолија.

Со Скорпијата го обединува страста и искреноста, меѓусебната љубов и почитта. И Овенот и Скорпијата бегаат од тајни и криење сè еден од друг.

Љубовта со Стрелец е како магнет, бидејќи овие два огнени знаци едноставно се толку привлечени што не можат да се спротивстават еден на друг. Водолијата звучи како најсовршениот избор за Овен.

Бик

Бикот добро се согласува со Бикот. Тоа е пријатна врска полна со љубов со добра основа да трае многу долго, можеби и цел живот.

И тие имаат многу заедничко со Девицата. И двајцата се земјени знаци, па затоа одлично се разбираат, ги ценат истите работи и доблести.

Тука е и Јарецот со кој Бикот може да почувствува голема љубов, почит, разбирање и восхит.

Близнаци

Близнаците одлично одат со Водолија. И двајцата се воздушни знаци, а нивната врска е донекаде магична. Тие се способни да го следат истиот животен пат без разлика каде тој завршува.

А врската со Рибите би можела да трае, бидејќи интелектуално се многу компатибилни. Но, во овој случај, неопходна е подготвеност на двете страни за компромис, за да потрае врската.

Рак

За Рак, некој роден во знакот Риби е совршен избор. Ова се водени знаци чија врска може да биде убава, природна и духовна.

Можно е дури и да се сретнат како сродни души и да останат заедно доживотно.

Лав

Лавот и Вагата се многу динамичен пар кој привлекува внимание каде и да се појават, а тоа го сакаат припадниците на овие знаци. Откако ќе се соберат, се грижат еден за друг и имаат одлични предиспозиции за долга и среќна врска.

Девица

Девицата одлично оди со Јарец, а некои оваа комбинација ја нарекуваат – небесна. И двата знака имаат многу цврст карактер, реалистични се, вредни и грижливи. Врската Девица-Јарец може да трае цел живот.

Вага

Вагата фантастично се согласува со друга Вага, бидејќи тоа е знак кој живее во облаците. Во ваквиот однос и двајцата партнери се вљубени еден во друг, но и во самиот концепт на љубов и се што е поврзано со него.

Скорпија

Врската помеѓу Скорпијата и Рибите е полна со привлечност, љубов, страст и романса. Доколку и двата знака ја негуваат оваа врска со еднаква грижа, таа сигурно ќе трае многу долго.

Стрелец

Стрелецот одлично го надополнува Овенот. Ова се огнени знаци полни со енергија и страст, а штом ќе се сретнат, силна привлечност ги влече еден кон друг, и таа е посилна од нив.

Јарец

Љубовта на Јарецот и Бикот има добри предиспозиции за долга и среќна врска. И двајцата ја ценат искрената љубов, меѓусебното почитување и разбирањето. Тие се семејно ориентирани луѓе чија цел е да создадат нешто во животот.

Водолија

Кога Водолијата ќе го запознае Овенот, бидете сигурни дека во оваа врска нема да владее досада. Совршено се надополнуваат, сакаат активен живот, природа, дружење…

Риби

Како што споменавме во случајот со Ракот, Рибите и Ракот совршено се совпаѓаат. Нивната врска е мирна, природна, пријатна и духовна. Тие лесно можат да издржат цел живот и да уживаат во меѓусебното друштво до последен момент, пишува „Атма“.

Слични содржини