Комбе и автобус вршеле меѓународен превоз на патници без комплетна документација

од Nikola Popovski

МВР информира дека при контрола регистрирани се две возила кои меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

-На 29.01.2022 на Регионалниот центар за гранични работи Север, патничко возило комби „форд транзит“, со бугарска национална ознака, управувано од Т.Т.(35) од Струмица, било констатирано дека возилото не поседува соодветна документација за меѓународен превоз на патници.

При извршена контрола на автобус, со скопски регистарски ознаки, управуван од П.И.(31) од Скопје, било констатирано дека возачот не поседува комплетна документација за меѓународен превоз на патници и стока.

На двете возила од страна на Државниот инспекторат за транспорт им се изречени соодветни санкции, додаваат од полицијата.

Слични содржини