Комисијата за надворешна политика на Бугарија со декларација за С.Македонија, бараат да престанат „агресивните антибугарски манифестации и манипулации од минатото“

од Vladimir Zorba

„Поради ескалацијата на агресивните антибугарски манифестации во Република Северна Македонија“, на последната седница на собраниската Комисија за надворешна политика на Бугарија, едногласно беше усвоена Декларација која мора да се достави на гласање во пленарната сала, јави БГНЕС.

Документот „категорично ги осудува актите на насилство и повиците на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира на преземање систематски мерки од сите институции за откривање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата “.

Бугарија ги осудува „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политички простор на РСМ и ги прифаќа како намерно всадување омраза против Бугарија и Бугарите“.

„Заштита на правата на бугарските граѓани и граѓани со бугарска самосвест во РСМ мора да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание од 25 јуни 2022 година“, се вели во Декларацијата.

Слични содржини