Конституиран е новиот состав на Советот и усвоена Програмата за Рамномерен регионален развој за 2021 година

од Nikola Popovski

Вчера вечер, се одржа седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а на која се конституираше новиот состав на Советот, усогласен со измените и дополните на Законот за РРР.

Со измените на Законот, предидено е нови членови на Советот да бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерката за образование и наука Мила Царовска. Членови на советот се и министерот за локална самоуправа, Горан Милески, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, министерката за култура Ирена Стефоска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, директорот на Бирото за рефионален развој, Рамиз Реџепи, како и осумте градоначалници, претседатели на осумте плански региони во Северна Македонија.

Освен конститурањето на новиот состав на Совотот за РРР, на денешната седница, новиот состав ја усвои и Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, која е во вредност од 440 милиони денари, а се задолжи и Бирото за регионален развој да подготви среднорочна, тригодишна програма за РРР.

На оваа седница, Советот го задолжи Бирото за регионален развој да распише јавен повик за за поддршка на регионите и општините преку проекти за развој на специфични подрачја, села и урбани средини во вредност од околу 3 милиони денари.

loading...

Слични содржини