Концертите се враќаат: Авалон Продукција подготви квалитетна културна и возбудлива програма во август и септември

од Берта Китинска

Авалон Продукција најавува дека концертите се враќаат, оваа лето.

„Во договор со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, изготвивме протоколи под кои концертите се враќаат во Македонија.Тие протоколи овозможуваат од една страна безбедно следење на концерти и културни настани, а од друга страна сепак и достоинствено да можат да се проследат истите. Ќе работиме во салите со 50 % од капацитетите, а публиката ќе носи заштитни маски. Во тој контекст, Авалон Продукција подготви неверојатно квалитетна културна и возбудлива програма за месец август и првите две недели од септември, со неколку проекти коишто ќе се случат во Охрид, во Битола и во Скопје. Оваа програма е подготвена и со тенденција годинава да останеме во Македонија, и сите да дадеме свој придонес туристичката сезона барем во нејзиниот последен летен квартал да не доживее катастрофа“, велат од продукцијата.

Слични содржини