Корона протести во Италија: Демонстрантите и полицијата се судрија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Демонстрантите во Италија денеска втора недела по ред се судрија со полицијата, додека сопствениците на ресторани и мали бизниси протестираа против ограничувањата наметнати поади пандемијата.

Околу 200 лица од цела Италија се обидоа да стигнат до канцеларијата на италијанскиот премиер Марио Драги, но беа приведени од полицијата во опрема за разбивање на демонстрации, пренесе Ројтерс.

Извикувајќи „Сите ние сме работници“, некои демонстранти фрлаа камења кон полицијата и палеа огномет што ги наполни улиците со чад, според Танјуг.

– Проблемот е во тоа што ние едноставно не знаеме што да правиме. Ни велат дека можеме да вршиме само достава, но во мојата област со 3.000 жители, каква испорака можам да направам – изјави Силвио Бесоне, готвач од северниот регион Пиемонт.

Италијанската влада воведе ограничувања во текот на изминатите 14 месеци за спречување на коронавирусот откако починаа повеќе од 114.000 луѓе, втор резултат во Европа по Велика Британија.

Додека националното заклучување во март 2020 година беше широко прифатено, обновените ограничувања беа исполнети со негодување бидејќи не беше утврден рок до кога би можело да важат.

Слични содржини