Короната нe попушта: Заразени над 50% од тестираните, уште две лица починаа

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека од направени 1.602 тестови, регистрирани се нови 855 случаи на коронавирус, што претставува над 50% заразени од вкупниот број на тестирани.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 347, Битола – 77, Куманово – 55, Тетово – 45, Прилеп – 43, Кавадарци – 38, Велес, Охрид и Штип – по 26, Струмица – 25, Кичево – 22, Гостивар – 17, Свети Николе – 14, Кратово – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Крива Паланка и Демир Хисар – по 7, Ресен, Радовиш , Берово и Валандово – по 6, Струга – 5, Дебар и Виница – по 3, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Капија – 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 189 реинфекции. Регистрирани сe и 683 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа  не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се  регистрирани  две починати лица, по едно починато лице од Битола (85г) и Кочани (71г), двете лица се починати во болнички услови, лицата за починати се пријавени во период од 22.07-27.07.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.116.007 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 327.009, бројот на оздравени пациенти е 312.443, на починати е 9.370, а бројот на активни случаи изнесува 5.196.

Слични содржини