Коронавирус: Како се справуваат Македонците што живеат во Кина?

од Nikola Popovski

Светот е на готовс поради вирусот корона во Кина.

Во последниве денови „кинескиот вирус“ е една од главните приказни во повеќето светски медиуми, а заради тоа секојдневно заседава и Светската здравствена организација (СЗО).

Најмалку 17 луѓе починаа, а неколку илјади се разболени од новиот вирус – како луѓето од Балканот кои живеат и работат во Кина гледаат на сето ова?

„Луѓето од моето опкружување многу зборуваат за вирусот и се прилично загрижени“, вели за Би-Би-Си Мимоза Вељановска, Македонка која живее во Шенжен.

И Бојана од провинцијата Гуангдонг вели дека луѓето се исплашени.

„Има луѓе кои се исплашени, како и оние кои се мирни, но нашите луѓе со кои сум во контакт се претежно исплашени, особено сега кога тоа ескалираше“, додава таа за Би-Би-Си на српски јазик.

Во меѓувреме, ситуацијата во Шангај е доста мирна.

„Нема паника, имам впечаток дека  од вирусот, поради текстовите низ балканските медиуми, повеќе е исплашено моето семејство, отколку што сум јас“, истакнува Ивана Лазаревиќ.

„Што се однесува до луѓето, сè оди главно како и обично, нема големи промени. Не добивам впечаток дека се претвора во некаква хистерија “, додава таа.

Еден од најголемите проблеми што го посочуваат соговорниците на Би-Би-Си е кинеската новогодишна прослава на 25 јануари и неработните денови што следуваат.

„Бидејќи сите ќе одат дома за време на празниците, ќе се патува многу и сите се грижат за тоа што ќе се случи понатаму“, вели Вељановска.

Кинеските власти затоа ги повикуваат граѓаните да не патуваат во Вухан – град со 11 милиони луѓе каде се појавил вирусот – како и од Вухан во други градови и земји. Јавниот превоз е целосно блокиран во Вухан, откажани се сите летови, како и автобуси и возови кои излегуваат од градот.

Ова е причината зошто хаштагот Вухан е блокиран е се повеќе популарен на кинеските социјални мрежи.

„Забележително е дека повеќе луѓе носат маски,засилени се контролите на јавните места и места за подготовка на храна, на аеродромите … што не е лошо дури ни за редовни околности“, вели Ивана од Шангај.

Бојана вели дека има и апликација со QR-код, на која граѓаните можат да го скенираат за да видат колку има заразени и на кое место.

„Многу луѓе носат маски на улиците, ја мерат температурата во метрото, владата испраќа текстуални пораки до луѓето за безбедносните мерки … Постои паника кај луѓето, но тие исто така веруваат дека со мерките за заштита може да се контролира ширењето на вирусот“, додава Вељановска.

Таа исто така наведува дека од граѓаните се бара да избегнуваат месо со непознато потекло, да користат средства за дезинфекција на рацете и да носат маски – што не е така лесно затоа што се скапи.

„Маските тешко се наоѓаат во аптеките и чекаме да ги достават. Затоа јас ги купив преку Интернет, но тие доцнат поради празниците. И сигурно е дека некое време ќе бидеме принудени да бидеме вегани и да јадеме само конзервирана храна “, истакнува таа.

Слични содржини