Коронавирусот влезе на Геријатрија, пет пациенти заразени

од Aleksandar Petrovski

Пет пациенти сместени во Специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина во Скопје се заразени со ковид-19.

Според директорката на установата д-р Салија Љатиф Петрушевска, пациентите најверојатни се заразиле од вработени во установата бидејќи тестирањата на персоналот кој е ангажиран на тој оддел покажал присуство на вирусот кај три лица.

Заболените со потешка клиничка слика се префрлени на скопската Клиника за инфективни болести, а другите се хоспитализирани во детската болница Козле.

Слични содржини