Коронавирусот зеде 9 нови жртви, најмладиот пациент е од Охрид

од Берта Китинска

За 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19.

Во болнички услови починале девет лица заразени со Ковид -19. Еден пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200.

Слични содржини