Кошаркар се обидел да донира пари за настраданите од земјотресот, банка „го одрала“ за провизија

од Nikola Popovski

Словенечкиот кошаркар Клемен Препелиќ сподели една лоша ситуација која ја доживеал во неделата.

Препелиќ е еден од оние кои се вклучија во акцијата за помош на Турција, поради разорните земјотреси што ја погодија оваа земја и Сирија.

Два земјотреси до 7,8 степени според Рихтеровата скала уништија илјадници згради и куќи, а бројот на жртви постојано се зголемува.

Кошаркарот на шпанска Валенсија бил шокиран што за донацијата му била наплатена провизија.

„Денес останав во шок. Кога испратив пари во една од турските хуманитарни организации, банката Сантандер зеде 50 евра на име на провизија. Искрено, такви работи не треба да се случуваат во вакви ситуации“, рекол Препелиќ.

За ова ја добил поддршката од своите следбеници на Твитер, бидејќи луѓето главно се обединети во мислењето дека не треба да се профитира од вакви трагедии.

Слични содржини