Сите земји да го понесат товарот на мигрантите, побара Анкара.

4650938

Кошмарот на Европа со мигрантите ќе стане реалност, бидејќи е сосема  е можно да ги отвориме сите граници, предупреди портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот Јумер Челик на денешната прес конференција во Анкара . Челик  го аргументира тоа со реакциите на турскиот народ по повод зголемениот прилив на мигранти од Сирија. “Бегалски поток е најжешкиот проблем за нас во последните денови.

Се разбира, чувствителноста на Турција ќе остане во историјата на човештвото. Народот ја  прифаќа со задоволство ситуацијата во која го дели лебот со овие луѓе. Дотука државата потроши 10 милијарди долари, но нашите напори не се поздравија  со почит “, коментира портпаролот на АКП. Според него ставовите на народот се сменија драстично  во последно време и почнал да инсистира за отворањето на сите граници, за да може сите страни да го понесат товарот на луѓето кои бегаат од смртта. “Конфликтот во Сирија не е обврска само на Турција, напротив, тој е на сите држави. Оттаму тргна и ширењето на тероризмот и стигна до европските престолнини. Европа сепак ќе ја плати цената на сопствената неодговорност “, истакна партискиот портпарол. Челик изјави дека АКП ја осудува прокурдската народна демократска партија поради нејзината “погребна политика во корист на терористите на ПКК”. Ги осудуваме оние кои се обидуваат да ги претстават терористичките групи и смртоносните акти како отпор, прекинувањето на масакрите  што е основен наш приоритет, истакна портпаролот.

Слични содржини