Космонаутко го вакцинираше и Шилегов: „Не заигравме, ама срдечно се поздравивме“

од Nikola Popovski

Вечерва во Центарот за вакцинација во салата “Борис Трајковски” го остварив своето право, но и обврска на вакцинација против вирусот Ковид 19, објави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Тој воедно и упати апел дека само со масовна вакцинација, можеме заеднички да ја победиме оваа болест.

„Ве повикувам да го искористите своето право на вакцинација ! Заедно да победиме!!!“, потенцира Шилегов и додава:

„Особено задоволство ми беше што вакцинацијата (а и брисевите кога бев болен) ја добив лично од Денис Јанкуловски – Космонаутко. Не заигравме 😊, ама срдечно се поздравивме. Поздрав за сите прекрасни луѓе од медицинскиот и техничкиот персонал во Центарот. Вакцинирајте се!!!“, стои во објавата на социјалните мрежи на градоначалникот.

Покрај него, во текот на денешниот ден се вакцинираа и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

 

Слични содржини