Костадинов: Избори во првиот можен рок веднаш по завршување на вонредната состојба

од Vladimir Zorba

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 истакна дека ставот на СДСМ е избори во прв можен рок по завршување на вонредната состојба.

„Ставот на СДСМ е избори во првиот можен рок веднаш по завршување на вонредната состојба кога тоа ќе го препорачаат здравствените власти“, посочи Костадинов.

Тој додаде и дека на земјава и требаат избори за да се стави крај на хаосот на министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада.

Слични содржини