Костадинов: Згрозен сум од „Јавна соба“ и ваквите случувања во општеството

Во своето гостување во „Собраниски брифинг“, портпаролот на СДСМ и актуелен пратеник, Костадин Костадинов посочи и за важноста за актуелизирање на проблемот „Јавна Соба“. Беше запрашан за своите ставови, но и законските измени предложени од Министерството за правда во Кривичниот законик.

„Јас пред се како човек морам да истакнам дека сум згрозен од ова што се случува во општеството. Секако, дека има потреба од измени во Кривичниот законик, и преку транспарентен процес сите пратеници ќе ги прифатиме сите измени во име на крај за ваквата злоупотреба. Јас верувам и ве уверувам дека никој нема да има против едно вакво законско решение“, истакна Костадинов.

 

Слични содржини