Ковачевски до Ковачки: Од сабајле до вечер се борам за повисоки плати и пензии, а ти си кодош и дезертер

од Берта Китинска

На денешните пратенички прашања во Собранието, премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во врска со обвинувањата за неговата „трајна неспосбност“ и дезертерството во 2001 година.

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека имал абдоменални проблеми и дека поради тоа не служел војска во 2001 година.

-Во 2001 година јас бев во Скопје и во Куманово и му помагав на мојот татко во тоа време градоначалник на Куманов како да се смираат тензиите како кумановчани да добијат вода.Јас не избегав од држвата напротив останав тука, а екипата на ВМРО-ДПМНЕ фаќаше кривини по грчките плажи и профитираше правејќи воени профити и денес јас по 20 години во првите редови се борам за држвата и граѓаните од сабајле до вечер за повисоки плати, за повисоки пензии, најниска здравје…. затоа им сметма на оваа криминална структура на овој дезертер, кодош и срам на АРМ, кажа Ковачевски.

Слични содржини