Ковачевски: Предлогот за уставни измени е наш, македонски, невистините се тезите дека е под диктат од било кого

од Stefanija Kuzmanovska

Предлогот е наш македонски, предлогот е базиран на Европскиот Предлог и Договор од 2022-та година, со кој државата после долги години чекање конечно ги отвори преговорите за членство. Предлогот е напишан тука во Скопје. Предлогот се дебатира во македонското Собрание, во Скопје. И затоа, со цела одговорност ги отфрлам лажните и невистинити тези дека постои некаков диктат, од било кого, за било што, рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниската седница за уставните измени.

Тој додаде дека постои само нашата сегашна, а сепак историска можност да направиме нешто добро за државата и со усвојување на уставните измени да не стоиме во место, да не каскама, да не чекаме, туку да чекориме кон полноправно членство во ЕУ.

„Ако за момент ги видиме фактите, ја погледнеме вистината во очи, ќе видиме дека на македонски јазик се говори и пишува во Брисел, ќе видиме дека поддршката за нашиот вековен идентитет се случи и во Берлин, и во Вашингтон, во сите најважни европски престолнини. За прв пат се потпиша Договор на македонски јазик со Европската Унија, конкретно Фронтекс“, наведе Ковачевски.

Премиерот додаде дека се случи се спротивно од тоа што го заговараа домашните политиканти, никој не нѐ асимилира, не нѐ загрози, не нѐ нападна, туку напротив државата стана посилна, поцврста и зад неа стојат најголемите и најсилните.

Слични содржини