Ковачки: Владата да го послуша гласот на народот

од Берта Китинска

Предлогот кој владата на Ковачевски го прифаќа е неприфатлив за Македонија. Народот, интелектуалците, општествените чинители и експертската јавност гласно кажуваат дека овој предлог за почеток на преговори е штетен за Македонија и води кон две сценарија, кое од кое полошо за државата, едното е вечно преговарање, а второто е асимилација по диктат на Бугарија, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој смета дека предлогот е понижувачки и недостоинствени позиции за Македонија. Тој вели дека друг да диктира лекции во учебниците, друг да диктира измени на Устав, друг да диктира дали некоја критика е говор на омраза или не е „понижување и порази“.

-Очекуваме Владата да се вразуми. Десетици илјади граѓани секој ден јасно и гласно кажуваат ултиматум, Не благодарам. Владата треба да го послуша гласот на народот, а не да идо спротивно на неговата волја. ВМРО-ДПМНЕ стои зад овој став на граѓаните и затоа бара Ковачевски да ги прифати четирите суштински измени на Предлогот, да прифати широка дебата преку работни групи во кои ќе се слушнат сите мислења и да се изгради заеднички национален став, кажа Ковачки.

Слични содржини