Ковид-биланс: Скопје на врвот, Дојран со најмалку активни случаи

од Nikola Popovski

Дојран и Македонска Каменица имаат по 14 активни случаи на коронавирусот.

Овие две општини имаат најмал број активни. Во Кратово има 17 активни, во Пехчево 21, во Македонски Брод 28, Демир Капија по 31, а Демир Хисар има 63 активни случаи.

На врвот по бројот на активни случаи на заразени се Скопје со 7968 и Битола со 1205.

Досега во земјата се направени вкупно 703.569 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 149.710, бројката на оздравени пациенти е 127.139, на починати е 4.628, а бројот на активни случаи изнесува 17.943.

Слични содржини